(ФОТО) Гром удри до Белата куќа, 4 лица во критична состојба

Четири лица се повредени откако гром удри во близина на Белата куќа во четвртокот вечерта, соопштија пожарникарите.

Пожарникарите од округот Колумбија соопштија дека двајца мажи и две жени биле пренесени во болница откако биле пронајдени на плоштадот Лафајет околу 19 часот.

Тие се пронајдени во близина на статуата на Ендрју Џексон, северно од Белата куќа, изјави портпаролот на пожарникарите.

Сите четири лица се со критични повреди опасни по живот, според официјалните лица.

– Се што знаеме со сигурност е дека во нивна непосредна близина удрил гром и дека сите четворица се повредени – изјави портпаролот во четвртокот вечерта.

Тој додаде дека полицајците на Тајната служба и националниот парк биле во близина на местото на настанот и биле во можност веднаш да им пружат помош на жртвите.

Околу 27 луѓе умираат од гром секоја година во САД, врз основа на 10-годишниот просек. Само околу 10 отсто од погодените од гром умираат.

Двајца членови на Националната гарда беа погодени од гром на плоштадот Лафајет во 2020 година и хоспитализирани, пренесе Телеграф.рс.

05.08.2022 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега