ФОТО: И во Скопје ќе дојде Нова година: Арсовска почна со украсување

Главниот град ќе добие новогодишен изглед. По големите критики од јавноста дека Скопје остана единствен град кој не е украсен во пресрет на новогодишните и божиќните празници, градската администрација конечно почна да го украсува центарот.

Пред два дена, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска преку социјалната мрежа Фејсбук обвини за наводна политичка хајка против неа.

-Не ја разбирам потребата, веројатно во недостаток на останати аргументи и оваа година во истиот период како на тајмер, партиските војници да констатираат дека „Скопје е тажно“ и дека „Скопје нема да се накити“ за време на Новогодишните празници. Секоја година истите луѓе се демантирани. Не од нас, туку од граѓаните кои се фотографираат со Новогодишните украси во градот. За загрижените да информираме дека Градот Скопје и оваа година ќе биде украсен, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот преку сомнителни набавкиж, рече Арсовска.

Доцнењето со украсување го правдаше со намалување на трошоците.

-Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра. Минатата година, во време на најголемата глобална економска и енергетска криза, градот беше накитен без дополнителни трошоци, а средствата предвидени за китење, но и трошоците кои порано се правеле за ручеци и пиење по кафани, беа наменети за ранливите категории на граѓани. Украсувањето е започнато, а како и секоја година, главниот град ќе блесне со Новогодишна магија на 15-ти декември, вели Арсовска.

И додека скопјани мораат да извршат јавен притисок за главниот град да заличи на европските метрополи, помалите македонски градови веќе извесно време живеат во новогодишниот дух.

Таков е примерот со Крива Паланка, град со 18.000 жители кој беше украсен уште минатата недела.

Украсено е и Кавадарци, град со 35.000 жители.

На две и пол недели од Нова година, скопјани с

è уште не знаат дали на Плоштадот Македонија ќе има новогодишна прослава и кој ќе настапува. Веројатно и за таа информација ќе треба да извршат притисок преку социјалните мрежи.

ДВ

13.12.2023 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега