ФОТО: Издале стан на мајка со дете, а затекнале ужасна глетка кога се отселила - низ домот имало отпад и фекалии

Хрватката Мирна Краљ на својот профил на Фејсбук објавила страшна глетка која ја затекнала во станот кој нјзините родители го изнајмувале на 34-годишната Ивана Јуриќ.

Мирна Краљ пишува дека нејзините родители и го дале станот под наем на Јурчиќ во мај оваа година.

Се претставила како мајка со дете, ветеринарка вработена во Ветеринарниот факултет во Загреб.

Меѓутоа, не поминало премногу време, а новата станарка почнала чудно да се однесува. Кога родителите на Мирна отишле да го проверат станот, таа не им дозволила. После некое време ѝ дале рок до 15. септември да излезе од станот.

„Ни го украде телевизорот, а веројатно и многу други работи кои поради шокот не ги забележавме. Во прилог може да видите фотографии во каква состојба го остави станот, сметките не ги плаќала, садовите ги запалила, цел стан го оставила во ѓубре и фекалии“, напишала Мирна Краљ.

По Ивана Јуриќ во моментов трага полиција.

„Се претстави како лице кое завршило ветеринарен факултет, односно дека работи на факултетот. Има и дете! Ова се сликите од ужасот во кој живеела. Исто така може да видите фотографии од станот пред да биде изнајмен“, напишала Мирна Краљ предупредувајќи ги луѓето кои издаваат станови да обрнат внимание на неа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега