ФОТО: Јасмин 13 години е опседната со розовата боја - ги бојадисалата и ѕидовите и облеката

Јасмин Шарлот (32) е наставничка од Швајцарија која веќе 13 години наназад, носи исклучиво розови алишта, чевли и се шминка со розова боја.

Покрај својот начин на облекување, Јасмин со својата омилена боја го украсила и својот стан. Токму затоа, во станот во кој живее, вратите, прозорците, ѕидовите, мебелот, па дури и украсите се розови.

 
 
 
View this post on Instagram

Sunday morning activity: folding sweaters 

A post shared by  Yasmin  (@yasi_pinkarella) on Aug 23, 2020 at 2:42am PDT

Таа вели дека предметите кои сега се наоѓаат во нејзиниот дом, ги собира уште од малечка. Доколку сепак во продавница најде одреден украс кој многу и се допаѓа, го купува а потоа таа самата дома, рачно го пребојува и го прави розов.

Невообичаениот изглед на станот во кој живее, многупати до сега бил шокантен за луѓето кои и одат на гости.

„Кога некој прв пат ќе ми дојде на госати, најчесто кога ќе види дека кај мене дома се е розово, дури и најмалиот скриен детал, останува шокиран. За среќа до сега никој не побегнал, напротив, веднаш тргнува да го разгледува мојот уникатен дом“ – раскажа низ шега таа.

За ситуацијата да биде уште поинтересна, Јасмин има 100 пара чевли и тоа сите розови. Исто така целата нејзина облека е обоена во таа боја.

 
 
 
View this post on Instagram

Todays outfit: a kimono, platform sneakers and highwaist shorts 

A post shared by  Yasmin  (@yasi_pinkarella) on Aug 7, 2020 at 12:45pm PDT

„Пред да станам наставничка, научив да шијам. Така започнав самата да си ја изработувам облеката во мојата омилена боја. Никогаш не би можела да работам некоја работа, на пример, во која се носи униформа. Не би можела да носам ништо друго, освен облека која е розова. Веќе 13 години немам облечено ништо друго, освен алишта во розова боја“ – вели Јасмин.

На 19 години Јасмин ги фрлила своите сини панталони и тоа било последното парче облека кое не било во розева боја.

„На почетокот се чувствував непријатно. Не ми се допаѓаше вниманието, но со тек на време сето тоа ми стана нормално, а сега не ни забележувам како ме гледаат другите луѓе“, раскажа таа.

Дури и школските пријатели мислеле дека тоа и е само фаза, но кога ќе ја здогледаат после толку години, остануваат зачудени дека таа се уште е целата во розево.

Нејзините ученици се многу разумни, а ја нарекуваат и „Miss Pink“. Јасмин, исто така, откри дека планира и да се омажи во розева венчаница, пренесува „The Sun“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега