ФОТО: Каде тресеа највеќе скопските земјотреси - може ли да се очекува посилен потрес вечерва?


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 11.09.2016 год., регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат во источниот дел на Скопското епицентралното подрачје.

Серијата започна со земјотрес во 06 часот и 58 минути, кој имаше локална Рихтерова магнитуда 3.9, а беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала. Во 06 часот и 59 минути, се случи друг земјотрес, со локална Рихтерова магнитуда 2.8, а со интензитет во Скопје и околината од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала. По ова следуваа послаби и непочувствувани земјотреси.

Најсилниот земјотрес на серијата се случи во 15 часот и 10 минути, со локална Рихтерова магнитуда 5.3. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VII-VIII степени според Европската макросеизмичка скала, а со послаби интензитети - и во останатите делови на Република Македонија. Во Скопје и околината настанаа извесни оштетувања на постарите градби.

По овој земјотрес, до околу 18 часот регистрирани се околу 10 послаби земјотреси, од коишто со мали интензитети се осетени четири.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, во 20 часот и 57 минути регистрира уште еден слаб земјотрес од денешната серија земјотреси од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Овој земјотрес, со Рихтерова локална магнитуда 2.1 беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Иако се очекуваат афтер шокови, никој не може да предвиди дали ќе има нов земјотрес.

 

 

 
 
11.09.2016 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега