ФОТО. Кога го посвоиле, живееле во трошна куќа - сега кога пораснал, им пружил живот од соништата

Кога Џајви Лазаро Бадиле Втори бил дете, на Филипините го посвоил прилично сиромашен пар. Немал богато детство, но благодарен е на љубовта која му ја пружиле.

Лазаро потоа напорно учел и работел и станал успешен бизнисмен. Поради тоа одлучил на своите родители да им обезбеди се што им било потребно.

 

Неодамна на своите родители им купил куќа од соништата. Животната приказна ја споделил на Фејсбук.

„Кога ме посвоија нивниот живот не беше лесен. Мама беше продавачка, а тато носач. Сега кога ми се пружи можност да се одолжам, ќе се погрижам да ги живеат своите соништа подобро отколку што можеа да замислат“, напишал Лазаро.

Покажал фотографии пред и потоа. Може да се види дека живееле во мала трошна куќа. Внатре имале мала кујна од која се излегувало на главна улица. Во спалната соба стоел само еден душек, купатило, пренатрупана дневна и прилично мала трпезариска маса.

Освен што им изградил куќа од соништата, Лазаро ги носи на одмори ширум светот. Така сака да им покаже дека е благодарен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега