(ФОТО) Ковачевски влезе во тунелот „Фариш“: Со голема динамика се гради патот кон Прилеп

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска беше во посета на тунелот „Фариш“, кој е од дел од експресниот пат кон Прилеп.

Задоволство ми е што со голема динамика се гради експресниот пат кон Прилеп, кој е од голема важност за граѓаните на Пелагонискиот регион, но и за цела држава. Тунелот Фариш кој беше еден од најтешките делови на оваа траса е со две цевки, од кои едната е целосно пробиена, а на другата цевка градежните работи течат со предвиденото темпо.

 

Интензивно работиме на патната инфраструктура во државата бидејќи инвестирајќи во патишта, автопати, делници, експресни патишта, инвестираме во развој на економијата во Северна Македонија“, напиша Ковачевски.

28.11.2022 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега