(ФОТО) Ковачки: И да се оствори истрага, Абази ќе ја затвори без обвинение - таткото на Дрин Ахмети на глава кај обвинителот

 

„Ова е фотографија во домашна атмосфера на која се сликани братот на Али Ахмети и татко на Дрин Ахмети и Ислам Абази, шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Имајќи ја во предвид оваа фотографија која е направена во домашна опуштена атмосфера, може да се заклучи поврзаноста и блискоста на Ислам Абази со кланот Ахмети, и сосема е јасно зошто ЈО со денови молчи и не смее да отвори постапка како тоа внукот на Али, Дрин Ахмети, се стекнал со 39% од деловниот центар Соравиа без да плати ниту денар“. Ова на денешната прес-конференција го истакна Драган Ковачки од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Соопштението со кое ЈО ги повикува институциите да отпочнат постапка е смешно и трагично истовремно, а уште е потрагично тоа што обвинителството потенцира дека отвора предмети по допрен глас кога има сериозен сомнеж за криминал. Па што е поочигледно од тоа внукот на Али Ахмети, политичар од кого зависи владата, да добие 39% од деловен објект вреден 30 милиони евра?

Дрин Ахмети, внук на политичарот Али Ахмети, буквално без да вложи денар, добива 12 милиони евра учество во деловна зграда. Дали тоа е нормална појава и пракса од секојдневниот живот, па за ЈО тоа воопшто не е сомнително? Или пак причината е тоа што братот на Ахмети како што гледаме и на оваа фотографија буквално му седи на глава на обвинителот Ислам Абази?“, прашува Ковачки.

Кланот Ахмети е соголен пред целата Македонска јавност, додаде тој.

„Народот виде дека додека Али е политичар, како неговото семејство се стекна со имот вреден десетици милиони евра.

И да не покрене истрага ЈО, во што по оваа фотографија на Ахмети кој седи на главата на Абази се сомневаме, на народот му е кристално јасно дека ДУИ и СДС треба да си заминат час поскоро. А тогаш ќе има одговорност, како за криминалците од ДУИ и СДС, така и за обвинителите кои што ги штителе“, истакна Ковачки.

28.06.2023 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега