ФОТО: Крушата под круша паѓа - младата манекенка го наследи виткото тело од својата славна мајка

Младата манекенка Каја Гербер е доказ дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото бидејќи очигледно наследила многу работи од својата мајка, славната Синди Крафорд која пред 30-тина години владееше на светската модна сцена.

18-годишната Каја го покажала виткото тело во ултра тесна комбинација од сини хеланки и спортски градник, притоа носејќи заштитна маска на прекрасното лице кое исто така неодоливо потсетува на Крафорд. 

Двете неодамна биле фотографирани во непрепознатливи изданија кога за време на карантинот излегле во прошетка, исто така со заштитни маски.

Каја Гербер уште од раната младост тргна по стапките на мајка си, а штом наполни 16 години “заплива” во професионалните манекенски води. Освен што носи ревии на најпопуларните модни дизајнери, таа се појавува и на бројните насловни страници на модните списанија, а помеѓу последните кои ги краси е и она на мајското издание на италијанскиот “Вог”.

Своите обожаватели редовно ги “почестува” со разголени фотографии на Инстаграм, каде сите можат да следат што прави манекенката за време на изолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа