ФОТО: „Лош пример сум на својот син, премногу испив“ - Тимберлејк проговори за неверството

Пејачот Џастин Тимберлејк се огласил првпат откако во јавноста се појавија фотографии на кое е премногу близок со актерката Алиша Вејнврајт и наводно дека ја изневерил сопругата Цесика Бил со која со години била во складен брак.

Имено, пејачката неодамна бил фотографиран со колешката Алиша Вејнврајт за време на паузата на снимањето на филм во Њу Орлеанс, а на фотографиите се гледа дека разменуваат нежности.

Тие поминале околу 40 минути на тераса во ресторан, а светот го преплавиле фотографии на кои се држат за рака. На крајот излегле од ресторанот на задниот излез, трудејќи се дека никој не ги забележал, пренеле странските медиуми.

Пејачот се огласил на Инстаграм каде се објаснил:

„Се трудам да бидам што подалеку од трачеви, но поради моето семејство, чувствувам дека е важно да одговарам на неодамнешните шпекулации кои ги повредиле луѓето кои ги сакам Пред неколку недели направив непростлива грешка - но нека биде јасно, ништо не се случи меѓу мене и мојата колешка. Испив многу таа ноќ и се каам поради своето однесување. Требаше да знам. Ова не е пример кој сакам да го дадам на својот син. Ѝ се извинувам на својата неверојатна сопруга и семејството затоа што поминавме низ така срамна ситуација, а ќе бидам фокусиран да бидам најдобар сопруг и татко“, напишал Тимберлејк.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Justin Timberlake (@justintimberlake) on Dec 4, 2019 at 5:05pm PST

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега