ФОТО: Марк и Никола почнаа со снимање на „Брза кујна“, но со нова водителка

Најпопуларното кулинарско шоу во земјава, „Брза кујна“, кое се емитува на Сител телевизија започна со снимање на новата сезона.

Готвачите Марк де Јонг и Никола Мишковски на социјалните мрежи објавија фотографија од почетокот на снимањето и открија дека шоуто ќе го води нова водителка.

Станува збор за Сања Савеска која е познат телевизиски лик од утринската програма на телевизија 24.

За потсетување, првата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“ го водеше Билјана Максимовска на чие место набрзо дојде Александра Илиевска. Исто така во минатата петта сезона Марк и Никола исто така имаа замена од двајца свои колеги, но тие само ги надополнуваа низ емисиите.

Марк и Никола сменети од „Брза кујна“: Ова се новите шефови во популарното  кулинарско шоу (фото) – Вистина.мк

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега