(ФОТО) Мицкоски направи „селфи“ со Орбан: „Голема победа“

Лидедерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави фотографија со Виктор Орбан.

Во описот на истата напиша: „Голема победа за Orbán Viktor. Со среќа и успех нека е петтиот премиерски мандат, четврти по ред“.

На фотографијата, Мицкоски честитки упати и до Вучуќ.

„Честитки и за убедливата победа на нашата сестринска партија СНС во Србија. Голема победа за Претседателот на Србија Александар Вучић“, пишува Мицкоски на Фејсбук.

04.04.2022 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега