ФОТО: Митовски објави фотографија од болница со Палевски - „Напаѓачите се снимени на сите камери“

Активистот и претседател на движењето „Трета“ Љупчо Палевски вчера попладнето беше претепан со метален предмет пред неговиот дом во близина на трговскиот центар „Буњаковец“.

Фотографија од болничката соба во приватна болница во која е хоспитализиран Палевски, објави и уредникот на порталот „Инфомакс“.

Тој под фотографијата напиша дека напаѓачите цел ден седеле пред домот на Палевски.

-Двајцата напаѓачи се познати. Цел ден чекале на улицата каде што живее Палчо.

Снимени се на сите камери. Со и без кациги. Сега останува ред уште полицијата која се пофали со системот „Сејф Сити” да ги потврди овие информации. А, за нарачателот на нападот, напиша на Фејсбук Митовски.

Палевски во минатото во неколку наврати објавуваше „чувствителни“ материјали во јавноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега