ФОТО: Монтажен тоалет среде улица во Скопје после невремето

Силно невреме го погоди главниот град синоќа, по што низ улиците може да се видат откорнати дрва и фасади од згради.

На социјалните мрежи се споделуваат и фотографии и снимки од хаосот кој го предизвика силниот ветер.

На Фејсбук групата „Приказни од булеварот“ е споделена фотографија од улица во Ѓорче Петров, на која се гледа монтажен тоалет среде улица.

Градоначалникот Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека биле санирани штетите од невремето и упати благодарност до сите екипи кои неуморно работеле до раните утрински часови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега