ФОТО: Може да има само една личност на годината - Трамп со фотошоп ја ставил својата глава на телото на Грета

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е смешно што магазинот „Тајм“ ја избрал  шведската климатска активистка Грета Тунберг за личност на годината, а сега нејзината фотографија од насловна страна се појавила и во неговата кампања.

На социјалните мрежи е објавена фотошопирана фотографија на која главата на Трамп е закачена на телото на Грета.

„Доналд Трамп, моќта на одржаните ветувања“, стоело на оваа изменета верзија која треба да алудира дека може да има само една личност на годината, а тоа е американскиот претседател. Интеренсо е дека фотошопираната фотографија е поставена на официјалниот профил на претседателската кампања на Трамп.

Ова не е прв конфликт на американскиот претседател и Тунберг, како ни прв необичен фотошоп на кампањата на Трамп.

Младата активистка и претседателот веќе „војувале“ на Твитер, после страствениот говор на Грета Тунберг во Обединетите нации во септември, во кои тинејџерката го критикувала светскиот лидер што не реагира на климатските промени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега