ФОТО: На Антарктикот глетка како од хорор филм - мразот во крваво црвена боја

Пред неколку недели, научници од украинската истражувачка база „Вернадски“ на Антарктикот воочиле дека снежното пространство скоро целосно било обоено со шокантно крваво-црвена боја.

Фотографиите од „крвавиот“ снег и мраз изгледаат како да дошло до некој масакр, како од филмовите.

Добра вест е што вистинската причина за оваа појава е далеку помалку драматична, но за жал, со сериозни последици.

Морскиот еколог Андреј Зотов од Украинската акдемија на науките ја снимил оваа фотографија додека спроведувал истражување во станицата на Антарктикот.

За ваков епски поглед виновни се минијатурни суштества, кои под микроскоп се идентификувани како Chlamydomonas nivalis.

Станува збор за микроскопски зелени алги. Едноќелиски морски алги кои се вообичаени во сите студени и морски подрачја, од арктичкиот до алпскиот предел.

Заспани се поради суровата зима, но кога има доволно сончева светлина омекнува нивниот кристализиран свет, алгите на пролет се будат, користат вода и сончева светлина за многу брзо да се рашират.

Кога созреваат, ја губат подвижноста и развиваат единствена адаптивна способност за преживување во своето екстремно опкружување, која вклучува секундарен изолациски ќелиски ѕид и слој црвен каротеноид, кој го менува нивниот изглед од зелена во портокалова, па црвена боја.

Овој слој ги штити од ултравиолетово зрачење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега