ФОТО: Нејзина копија - Сузана Турунџиева објави фотографија од својата мајка

Македонската водителка Сузана Турунџиева е активна на социјалните мрежи и често споделува и фотографии од своето семејство.

Овој пат таа објави фотографија од својата мајка за која напиша и емотивна порака.

„И во нејзината 80та година сеуште ми се обраќа со СИНЕ и постојано бдее над мене, а јас и во мојата 51ва година сеуште и се извинувам за секое недоразбирање или ненамерно невнимание, дури и кога немам потполно никаква вина… За нејзините солзи би убила некого…

Бидејќи ЕДНА Е МАЈКА!

Затоа, и уште 3 деца да родам, и уште 4 пати да се заљубам, никого нема да го сакам и почитувам како неа“, напиша Турунџиева во опис на фотографијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега