ФОТО: Нова бубачка го доби името Лејди Гага

Необичниот, „шарен“ и разнолик стил на поп-пејачката Лејди Гага ги поттикна научниците еден новооткриен вид инсекти да го именуваат по неа.

Се работи за бубачката kaikaia gaga, којашто беше откриена на тихоокеанскиот брег на Никарагва. Истражувачката мисија ја предводеле проф. Брендан Морис од Универзитеот на Илиноис и ентомологот Кристофер Дитрих од Природонаучниот центар за истражувања на оваа американска сојузна држава.

– Ако треба да има и „Лејди Гага“ бубачка, тоа ќе биде необичен мембрацид, меѓу другото и поради „урнебесните“ рокчиња. Тие имаат свој специфичен стил околу нив… И тоа ги прави уникатни, изјави проф. Морис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2020 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега