ФОТО: Новиот број на „Шарли ебдо“ експресно распродаден

Денешниот број на списанието „Шарли ебдо“, иако е печатен во драстично поголем тираж е распродаден во Париз за 30 минути.

Наместо вообичаените 60.000 примероци, испечатени се три милиони. Според најавите ќе бидат испечатени дополнителни два милиони од неделникот кој ќе се продава не само во Франција, туку и во други 20 земји.

-Ова е неверојатно. Кога отворив пред киоскот имаше ред од 60-70 луѓе. Никогаш тоа не сум го видела. 450 примероци распродадени за 15 минути, вели за Франс пресс сопственичка на киоскот.

Новиот број е испечатен и на англиски, шпански, италијански, арапски и турски јазик.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега