ФОТО: Новиот градоначалник првиот состанок го одржа со општинските хигиеничари

Како што и претходно најави, новиот градоначалник на општина Аеродром првиот фокус по преземањето на локалната власт го става на хигиената на општината. Откако вчера ги мапираше депониите во општината, денеска првиот состанок кој го одржа беше со сезонските работници кои се грижат за хигиената во општината. 

Започнува работна акција за чист и зелен Аеродром!
Денеска имав средба и работна акција со сезонските работници. Целта е во наредниот период да се интензивира работењето на овие работници за Аеродром повторно да го добие сјајот на чиста и зелена општина.
Со сезонските работници денеска излеговме на терен каде имавме работен состанок и веднаш се фативме за работа. Во нашата програма ветивме дека Аеродром ќе биде почист и зелен, а со овие прекрасни луѓе верувам дека ќе го постигнеме тоа. Во наредниот период сезонските работници ќе се грижат за зеленилото за тревниците и дрвјата во Аеродром на редовна основа, ќе се грижат за хигиената на јавните површини во општината, како и училиштата и градинките.
Одржувањето на хигиената во општина Аеродром е наш приоритет, бидејќи сите вие заслужувате да живеете во една хумана средина.
Местото на градоначалникот и советниците е помеѓу граѓаните. Започнуваме со решавање на проблемите на граѓаните, целиме кон чист и зелен Аеродром.

28.10.2021 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа