ФОТО: Погледнете како се одбележува Илинден во Делчево

 

Со пригодна свеченост во организација на Општина Делчево, денеска во градот беа одбележани 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ – историски датуми на кои се темели македонската државност.

Чествувањето почна пред споменикот на револуционерот Гоце Делчев, каде играорците од КУД „Гоце Делчев“ прочитаа реферат посветен на значењето на Илинденското востание во развојот на револуционерната мисла и борбата за слобода.

Потоа, свеченоста продолжи пред споменикот на паднатите борци, каде членови на културно-уметничкото друштво зборуваа за историската улога на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

Пред двата споменици свежо цвеќе положија делегација на Општина Делчево, претставници на Советот на Општина Делчево, политички партии, јавни институции и здруженија на граѓани.

Традиционалното чествување продолжува со културно-уметничка програма и граѓански собир во манастирот „Свети Илија“ во селото Ѕвегор. 

 

02.08.2025 - 12:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега