ФОТО: Поранешниот градоначалник од СДСМ му ја предаде функцијата на новиот од ВМРО-ДПМНЕ во најголемата скопска општина

Новиот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски ја презема функцијата во најголемата по територија скопска општина, Гази Баба. Информацијата тој ја објави на социјалните мрежи.

„ Извршивме примопредавање со досегашниот градоначалник на Општина Гази Баба Борис Георгиевски.

Започнувам со работа веднаш, имаме за реализација голем број на проекти. Разликата ќе ја видат граѓаните за неколку месеци од денес.“ – напиша Стефковски

Уверението го доби уште во 10 часот утрово

„Во 10 часот утринава, Општинската изборна комисија Гази Баба ми го додели уверението за избран градоначалник на Општина Гази Баба. Се заблагодарив на членовите на Општинската изборна комисија за професионално спроведениот изборен процес за градоначалник на Општина Гази Баба и посакав успешно спроведување и на вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје.“ – напиша Стефковски

ВМРО-ДПМНЕ ќе има и мнозинство во советот на оваа општина.

 

25.10.2021 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа