ФОТО: После 15 години брак ја запознале неа и се се променило - сега сите тројца живеат заедно

И додека многу мажи едвај излегуваат на крај со една жена, Лео живее со две жени под ист покрив и тврди дека совршено функционираат, а клучот е во добрата комуникација.

32-годишната Мери Барилас својот сопруг, 34-годишниот Лео го запознала во средно училиште, а се венчале кога имала 17 години. Во среќен брак се веќе 15 години и имаат 2 деца, а пред 3 години со нив почнала да живее уште една жена.

Мери и Лео во моментов живеат во Вашинготн, а својата партнерка Кимберли Слегл ја запознале во теретана. Се започнало пред 5 години, а многу брзо се спријателиле, додека во 2016 година започнале љубовна врска како полиаморен пар. Кимберли има две деца од првиот брак, а сега сите заедно живеат под ист кров.

-Не бевме секогаш за врска. Прво бевме пријатели со Ким. Таа тренираше во теретаната во која ние сме сопственици. Пријателството со текот на времето се претвори во привлечност. Се започна во 2016 година. Тогаш се заљубивме, веројатно секој во различно време. Одлучивме да се обидеме заедно да функционираме - рекол Лео.

Нивните пријатели и семејството ги поддржуваат, а тоа многу им значи. Нивната врска не се разликува многу од другите врски во кои партнери се две лица.

-Имаме посебен однос со секоја личност во врската и се сакаме и почитуваме. Наместо двајца возрасни со семејства, ние сме тројца. Сите живееме заедно со нашите четири деца - додал Лео.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега