ФОТО: Последна фотографија од српскиот рапер неколку минути пред смртта

Славниот рапер Далибор Андонов Гру почина во страшна несреќа на вода во Земун, а со него за време на несреќата биле и неговите пријатели кои се обидувале да го спасат од водата.

Пријател на раперот кој зад себе остави сопруга и два сина, сподели фотографија која е воедно и последната фотографија од раперот.

Според наодите од обдукцијата, Гру починал по давење во вода, откако силниот ветер неколку пати го кренал и го враќал во вода, а тој при ударите се здобил со скршеница на кичмата која била фатална.

Познатиот српски рапер ќе биде погребан во четврток во 14 часот и 30 минути.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега