ФОТО: Причина за славење во домот на Џорлев - музичарот објави фотографија, честитки пристигнуваат од сите страни

Со колаж од неколку фотографии од свадбата и венчавката во црква, музичарот Зоран Џорлев откри дека тој и неговата сопруга Офелија денеска слават годишнина. Познатиот виолинист се пофали дека со Офелија се во брак веќе 26 години, а честитките почнаа да пристигнуваат од новните пријатели, фановите и најблиските.

„Денешен ден пред 26 години беше ден недела… Тој ден си се заветивме пред себе и пред бога“, напиша Џорлев на „Фејсбук“ и доби многу честитки за годишнината од пријателите.

 Зоран и Офелија имаат два сина, Наско и Мартин. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега