ФОТО: Првиот снег пристигна и во Македонија

Првиот снег веќе падна во нашето соседство. На социјалните мрежи вчера беше објавено видео од снежната покривка во Копаоник.

Денеска врнежи од снег беа забележани на ски-центарот Попова Шапка, а Шар планина заблеска во сиот свој сјај.

Снегот таму се спуштил и до 1800 метри надморска височина, а најниската температура достигнала 0,3 степени.

Сепак снегот ќе се задржи кратко, бидејќи според метеоролозите повторно ни доаѓаат топлите денови, особено за време на викендот.

23.09.2021 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега