ФОТО: Редици чекаат за да примат вакцина- колона долга стотина метри во Загреб

Утрово долга редица луѓе кои сакаат да се вакцинираат против коронавирус се формираше во Загреб.

Имено, вакцинирањето на граѓаните започнува денес во Загреб во рамките на втората фаза на вакцинирање.

Иако вакцинацијата започна во 9.00 часот,а огромен број граѓани веќе чекаа во ред во 7.00 часот, со цел што побрзо да ја добијат својата доза на вакцината. За линијата се вели дека е долга стотици метри.

"Имаше хаос. Целосно е неорганизирано. Јас сум закажан за во 9, но кога ќе ја видам оваа редица, очигледно е дека ќе чекам со часови. Луѓето кои дојдоа рано создадоа хаос. Дојдов пред 9 и веќе ми беше редот. Мислам дека ќе биде и проблем со паркирањето. Има многу постари луѓе кои дојдоа со автомобил. Се плашам дека сите ќе завршат со АстраЗенек “, изјави за хрватскиот портал жител на Загреб.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега