(ФОТО) СДСМ: Близок соработник на Мицкоски и Пецаков фатен како шмрка кокаин

„Еден од најблиските соработници на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, но и на Христијан Мицкоски е фатен како поседува и шмрка кокаин на сред кафиќ во Охрид. Како што информираше МВР, вчера на 9 декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин“. Ова се наведува во реакцијата на СДСМ испратена до медиумите насловена како „Нов скандал ги тресе ДПМНЕ и Мицкоски, претседател на МК фатен со кокаин“.

„Истакнатиот член на ДПМНЕ од Пештани, е Александар Толаманоски, со прекар Дандаро, кој работи како просветен работник! Толоманоски-Дандаро важи за исклчително близок до Мицкоски и градоначалникот Пецаков.
Дали ова се традиционалните и морални вредности што ДПМНЕ им ги промовира на младите и учениците?
Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и овој скандал кажува многу за какви луѓе станува збор.
Деструктивност, уназадување, кочничари и криминални структури! Тоа е ДПМНЕ!
Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски,а не само фасадата на Белата палата!“, стои во реакцијата на СДСМ.
10.12.2023 - 10:13
Фото:
СДСМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа