ФОТО: „Се надевам дека нема да го свитка глуждот“- Лејди Гага во чизми со вртоглаво високи потпетици

Лејди Гага беше фотографирана на улиците во Њујорк кога го напушти телевизиското студио, а за таа пригода, пејачката носеше вртоглаво високи чевли од дури 30 сантиметри.

Лејди Гага е позната по својот екстравагантен стил на облекување, а така беше и овој пат кога папараците ја фотографираа во Њујорк. Имено, пејачката носеше чевли со високи потпетици од дури 30 сантиметри.

Пејачката го снимаше шоуто, а за таа пригода излезе од студиото во црн фустан, црни кожни чизми кои имаат висока платформа, додека во раката држеше црна торба.

Целиот изглед го заврши со очила за сонце, а косата ја врза во висока пунџа и имаше малку шминка. Таа беше придружувана од телохранител, кој одеше зад неа додека на своите обожаватели им потпишуваше автограми.

- Леле, што носи таа; Се надевам дека нема да го свитка глуждот; Не би можела ни еден чекор со вакви чевли; Неверојатно е колку е убава оваа жена, изгледа како холивудска дива, ако ги игнорираме овие чизми - беа само дел  од коментарите на обожавателите.

27.07.2021 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега