ФОТО: Се преврте автобус во Хрватска- десет лица загинале, а 30 се во болница

Утрово се случила страшна сообраќајна незгода во близина на Славонски Брод, Хрватска. Имено, автобус со косовски регистарски таблички на автопатот А3 излетал од патот при што загинале десет лица, а 30 се пренесени во болница, јавуваат хрватските медиуми.

Првичната информација којашто беше пренесена од страна на медиумите беше дека превртениот автобус е со македонски регистарски таблички, по што подоцна беше коригирана информацијата.

– За време на истрагата, полицијата утврди дека станува збор за автобус со косовски регистарски таблички и дека според моментално достапните информации, во сообраќајната несреќа загинале 10 лица, додека десетици биле пренесени во болницата во Славонски Брод за медицински третман, објави хрватската полиција, а пренесе Индекс.хр.

Началникот на сообраќајната полиција од Славонски брод, Фрањо Галиќ вели дека е утврдено дека се работи за автобус со косовски регистерски ознаки кој патувал на редовната линија Франкфурт-Приштина.

25.07.2021 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега