ФОТО: Се разголе пред камерите - Хурем Султан го покажа трудничкото стомаче

Турската актерка Мери Узерли, која ја запознавме како Хурем Султан од серијата „Сулејман Величествениот“, е бремена, а приновата во нејзиниот дом треба да пристигне на почетокот на годината.

„Јас сум благословена што по шест години од раѓањето на Лара повторно во животот ќе имам такво чудо. Секој ден се молам да се помине добро и бебето да биде здраво. Навистина е чудо кога во вашето тело расте нов живот. Ова бременост се разликува од претходната по тоа што бебето е активно и постојано ме удира во стомакот“, вели актерката во интервју за Стори.

Иако од почетокот вешто го криеше трудничкиот стомак и не го покажа на фотографиите на социјалните мрежи, Мерием вчера ги изненади јавноста и фановите кога објави неколку модни фотографии на кои дојде до израз нејзиниот труднички стомак.

Инаку, Мери повторно очекува девојче. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега