ФОТО: Седумгодишниот Павле од Ниш паднал од тераса и преживеал - соседите се чудат како ја прескокнал оградата

Вистинско чудо е како седумгодишниот Павле С. го преживеал вчерашниот пад од третиот спрат од својата зграда во Ниш и притоа се здобил со повреди поради нагмечување на телото.

Тој синоќа во околу 4 часот после падот поминал само со површински повреди и контузии, а паднал од околу 9 метри висина.

-На момчето му е направена комплетна дијагностика и констатиравме само нагмечување. Без оглед на тоа, тој сепак ќе помине неколку денови во Детската клиника - рекле од Управата на Клиничкиот центар во Ниш.

Соседите се во благ шок од тоа што се случило.

Како што неофицијално дознава Курир.рс, малиот Павле бил донесен со приватен автомобил во Ургентниот центар, а паднал поради сплет на несреќни околности.

-Тој се разбудил утринава и ја викал мајка си која тогаш била во тоалетот. Веројатно ја барал и така сонлив дошол до тераса и паднал. Навистина е несфатливо како момчето паднало затоа што е многу малку повисоко од оградата, а уште поголема среќа е што добило само гребатини, нека е жив и здрав - велат соседите.

Полицијата сепак врши увид во домот на семејството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега