ФОТО: Шехерезада се разголе 4 месеци по породувањето - турските медиуми остро ја осудија за изгледот
Берѓузар Корел која се прослави со улогата на Шехерезад пред само 4 месеци се породи и на свет го донесе своето второ дете, а осудите на сметка на убавината на актерката изненадија многумина.
Актерката со семејството отишла на море, па ја покажала линијата после породувањето, поради што турските медиуми пишувале дека привлекла внимание со „прекумерната тежина“.
Додека едни остро ја осудуват и сметаат дека како јавна личност морала брзо да се врати во форма, на другите сето тоа им е нереално.
„Во природа на жените им е да раѓаат и нивното тело да се менува во таа состојба“, гласи само еден од коментарите на фановите на Инстаграм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа