ФОТО: Шилегов за роденден доби торта со „Северна Македонија"

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, прослави роденден и објави на Фејсбук дека добил торта.

- Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Моите желби се исти како и вашите, да бидеме среќни, да се радуваме на животот и заедно да ги славиме убавите моменти.

Но, една од најголемите желби за радост ми се искрените детски насмевки, а сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и тортите. Затоа, овие роденденски торти коишто денес ги добив, ги праќам за децата од “СОС Детско село“, „Дневниот Центар за деца на улица“ и „Дневенот центар за лица со Даунов синдром“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија и искрено посакувам и се надевам дека нивните желби, ќе бидат наша реалност. Да им посакаме да бидат здрави, среќни и радосни.

Исто така, ја користам оваа прилика на благодарност, да повикам да помогнеме и донираме средства за:
- Здружението "Трисомија 21" за помош и поддршка на лицата со даунов синдром на сметка – 380177189101121 и на здружението за заштита на правата на детето со сметка - 300000001103896

Да се сакаме, да се грижиме и чуваме сите заедно!

Благодарам на сите !!!, напиша тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега