ФОТО: Сите го паметите по светскиот хит од пред 15 години, се зборуваше дека се предозирал - денес е сосема поинаков

Песната „Freestyler” на финското хип-хоп дуо „Bomfunk MC’s” е еден од најголемите светски хитови од крајот на 20-от век, а детето од спотот со необична фризура беше идол за многу деца ширум светот.

Песната која е снимена во 1999 година ги освои сите топ листи, а долго време беше и неизбежен избор на диџеите во клубовите на сите континенти. Синглот беше број 1 во повеќе од 10 земји и се „вртеше” на сите телевизии и радио станици. 

Марло Снелман се појавил во спотот кога имал 15 години, а остана препознатлив по својата уникатна фризура. Многумина мислеа дека тинејџерот е дел од групата, но тој се обиде да оствари музичка кариера години подоцна во проектите “Hipsters” и “Okta”. За жал, не успеа да привлече ни близу толкаво внимание како во спотот на “Freestyler”.

Своевремено на интернет кружеа лажни информации дека Марло починал од предозираност, но тоа подоцна се утврди како неточно.

По 26 години, Спелман повеќе не брка музичка кариера, но музиката му останало важно хоби. Денес 36-годишниот Марло живее во Париз и се занимава со професионално готвење.

Во продолжение, присетете се на имиџот кој го имаше Марло во 1999 година:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега