ФОТО: Стан и две возила - ова е имотот кој Бубевски го пријавил во Антикорупциска

Некогашниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски, стана шеф на скопското Јавно обвинителство, а неговиот колега од СЈО, Стевчо Донев, е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Штип. Ова се последните одлуки донесени од Советот на јавните обвинители.

Според неговиот анкетен лист кој го доставил во Антикорупциска комисија на свое име пријавил стан во Скопје од 48 метри квадратни, проценет на 3,6 милиони денари, кој е подарок.

Има две возила, Шкода Карок и Рено Меган.

Пријавил и лизинг.

19.01.2022 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега