ФОТО: Тажна слика од реалноста - медицинска сестра покажа како изгледала пред пандемијата

Медицинската сестра Кетрин Ајви од Америка, работи на одделението за интензивна нега .

Таа на својот Твитер профил објавила фотографија на која направила споредба од тоа како изгледала пред пандемијата и како изгледа сега.

„Ја обожавам својата работа, обожавам тоа да го правам. Не очекував дека кариерата ќе ја започнам среде крајно исполитизирана пандемија, но животот е како пандемијата, брз и непредвидлив. Не би работела во моментов ништо друго освен мојата работа. Грижата за пациентите ми е чест и благодарна сум на оваа прилика. Ужасна е да се набљудува како умираат луѓе чија смрт можела да се спречи. Уште полошо е што сите умираат на ист начин. Поразително е тоа што луѓето го игнорираат здравиот разум и што една страшна болест толку е исполитизирана. Ковид 19 е  брутална болест и не би ја посакала ни на најлоѓиот непријател. Ве молам сфатете, кога ги почитувате мерките, не се штитите само себе туку и сите околу себе“, додала Кетрин во опис на фотографијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега