(ФОТО) Тошковски во посета на Одделот за изработка на лични документи
Денес, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Отсекот за персонализација на лични документи во рамките на Оддел за информатика и телекомуникации на МВР каде се изработуваат личните документи.
Тој на својот фејсбук профил објави: „Денешниот работен ден го започнав со посета на Отсекот за персонализација на лични документи во рамките на Оддел за информатика и телекомуникации на МВР каде се изработуваат личните документи. Од страна на раководството и вработените во оваа организациска единица бев запознат со комплетниот процес на изработка на личните документи и заеднички разговаравме за преземање на определени мерки и активности насочени кон подобрување на овој процес и зголемување на капацитетот на изработка и испорака на документите“.
Тој им се заблагодари вработените кои и покрај тоа што секојдневно се соочуваат со разни проблеми, вложуваат максимални напори за овој процес да тече непрекинато и со максимален капацитет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа