ФОТО: „Убавината ја користам да ги вртам мажите околу малиот прст - полската навивачка го воодушеви светот

Фотографијата од трибините со русокосата убавица од Полска го обиколи светот за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Англија и Полска, како дел од квалификацискиот циклус за одење на Светското првенство 2022 година.

Јулија Карина Скроџка споделила фотографија на Инстаграм на која позира на трибините во кратки шорцеви, маица и чизми, а на неа има и шал од Полска. Оваа објава стана хит на социјалните мрежи, особено помеѓу момците.

Во меѓувреме се открило дека се работи за Јулија Карина Скроџка - некогашна вицешампионка во избор за мис на Полска, кој бил одржан во 2017-та година во Германија.

Покрај тоа, Јулија неодамна учествувала и во ријалити шоуто „Hotel Paradise 2“, каде исто така привлекла големо внимание.

Кога се појавила во ријалити шоуто, Јулија открила нешто повеќе и за себе.

„Свесна сум за својата убавина и понекогаш ја користам за да можам да ги вртам момците околу малиот прст. Исто така, немам комплекси кога се работи за изгледот. Признавам, малку ги 'напумпав' усните и ги зголемив градите“, признала Јулија. 

28.09.2021 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа