ФОТО: Виолетово небо над Јапонија - оваа боја предупредува дека доаѓа силно невреме

Во налет на тајфунот Хагабис загинале 70 лица во Јапонија, а уште 15 се водат како исчезнати. Повеќе од 200.000 спасувачи учествувале во потрага по преживеаните.

Додека луѓето со голем страв го чекале ударот на тајфунот, небото како да ги предупредувало на страшното невреме кое доаѓало. Тоа било во розева и виолетова боја, а многу корисници на социјалните мрежи ова го окарактеризирале како чудна појава.

„Преубаво е небото во Јапонија пред тајфунот. Изглед мирно, но всушност е показател дека бурата доаѓа“, напишал еден корисник на Твитер.

Феноменот на виолетово небо се нарекува расејување. Се јавува кога молекулите и малките честички во атмосферата влијаат на правецот на светлината, предизвикувајќи тоа да се распрска.

Тајфунот Хагибис донел и ветрови и обилни врнежи, а многумина истакнале дека ова е најлошиот тајфун во изминативе 6 децении.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега