ФОТО: Во 1997 година родила седум бебиња - денес се самостојни личности успешни во својата професија

Боби и Кени Мекрегор очајнички сакале деца, но со години се бореле со неплодност. Откако за некое чудо добиле девојче, подлегнале на третман за вонтелесно оплодување и сите седум ембриони „се фатиле“.

Докторот предлагал некои ембриони да се уништат, за другите да можат нормално да се развиваат, но Боби и Кени се откажале од таа идеја.

Во 1997 година кога Кени ги родила седумте деца, тоа било вистинско чудо. Тоа била првата жива родена седумка. Се родиле три девојчиња и четири момчиња. Бебињата по породувањето имале 1,5 килограми, но сите биле живи. Две од нив биле родени со дијагноза церебрална парализа, но после операциите успешно прооделе.

Сите медиуми пишувале за чудото кое се случило во ова семејство. Меѓутоа, семејството имало проблем за да обезбеди финансии за сите деца. Но, големата заедница на добри луѓе му обезбедила на ова американско семејство помош која му била потребна, од пелени, па до играчки, опрема за бебиња, како и огромна куќа во која можело да се вселат.

Покрај куќата, Кени и Боби добиле и неограничени залихи на храна и пелени за сите деца. Неколку универзитети се јавиле да ги стипендираат децата. После 23 години, кончено можеме да видиме како децата изгледаат и што прават во животот.

Натали била најдобра ученичка во своето училиште и станала учителка. Брендон станал воено лице. Келси се занимава со пеење. Кени студира градежништво. Алексис која е родена со церебрална парализа сака да стане учителка. Нејтан кој исто така е роден со церебрална парализа студира семтководство и инженеринг. Цоел исто така студира сметководство.Славната седумка одамна веќе не живее со родителите во семејната куќа, идејќи отишле да студираат и се вработиле.

Кени и Боби велат дека сонуваат за денот кога ќе добијат внуци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега