ФОТО: Во 90-тите беше сон за многу дами - денес кога е близу до 50-та година изгледа одлично

Пејачот Питер Андре во 90-тите години беше сон за тинејџерките и дамите ширум светот, особено во оние моменти кога на сцената се појавуваше гол, без маица и гордо го покажуваше своето извајано тело.

Но, иако од тие времиња поминаа 30 години, денес 47-годишниот Питер сè уште може да се гордее со своите мускули бидејќи изгледа речиси подобро од некогаш. За да се увериме во тоа, доволен е само еден поглед на неговите социјални мрежи каде споделува свои фотографии и мами воздишки кај обожавателките. 

А оние најверните го следеа и неговото реално шоу кое се емитуваше на Јутјуб каналот на магазинот “The Sun” – “Life With The Andres”

Во еден од исечоците кои ги споделил, Андре позира со голо торзо на кое се истакнуваат неговите мускули. Тие се резултат на редовните тренинзи во теретана, а на исхраната, како што тврди и самиот, и не внимава премногу бидејќи е во толку добра форма што може да јаде што и да посака.

„Не ги преминувам границите, уживам во чоколадите, но сето тоа го трошам на тренинг. Навистина се трудам и правам многу работи кои се спротивни на препораките. Не појадувам, пијам само црно кафе и многу вода”, ја открил пејачот својата тајна.

Питер Андре е во брак со 30-годишната Емили со којa ја има 6-годишната ќерка Амелија и 3-годишниот син Теодор, а од минатиот брак со британската старлета Кејти Прајс го им 14-годишниот син Јуниор и 12-годишната ќерка Принцес Тиами.

Во музичкиот свет најмногу се прослави со хитот “Mysterious Girl”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега