ФОТО: Заев, Николовски и Филипче ќе платат по 50 евра казна бидејќи не носеле кациги

Претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски се казнети по 50 евра од страна на МВР поради неносење на кациги за време на управување со мотор.

Од фотографиите што ги објавија некои портали, се гледа дека на тројцата државни функционери издадени им се платни налози во висина од 50 евра.

Заев, Николовски и Филипче биле сопрени на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на Владата пред три дена, а од возењето се појави и аматерска снимка на социјалните мрежи.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега