Фотографии кои никогаш не треба да ги објавувате на социјалните мрежи

Многу е важно да внимавате што објавувате на социјалните мрежи и кои информацции ги откривате. Објавените чувствителни информации може да ви ја загрозат работата, а дури и идентитетот.

1.Карта за пат

Иако вам ви се чини дека е безопасно да објавувате фотографии од картите за патување на кои ќе одите наскоро, тоа баш и не е така. Хакери така можат да дојдат до податоци како што се вашиот матичен број, датум на раѓање итн. Освен тоа на картите најчесто е наведен и датумот на поаѓање и враќање. Благодарение на тоа разбојници може да ви влезат дома искористувајќи ја таа ситуација.

2.Пари

На социјалните мрежи не треба да споделувате какви било информации од вашата финасиска состојба, а тоа вклучува и слики од пари, картички или било што што може да даде увид во вашите финансии. Таквите фотографии само ги зголемува шансите некој да ве ограби.

3.Добитно лото ливче

Ако сте имале толку среќа да освоите пари на лото не би требало да се фалите со тоа на социјалните мрежи. Искусните криминалци лесно можат да си поиграат со бар кодот и да ви ја украдат добивката.

4.Доверливи работни мејлови

На социјлните мрежи не треба да споделувате информации кои се врзани со вашата работа. Без разлика дали станува збор за нова деловна идеја која вашата компанија ја развива или станува збор за комуникација со колегите. Ништо од тоа не смеете да објавувате. Поради такви случаи може да ја загубите и работата.

5.Работи кои не се авторизирани

Иако можеби сакате да се пофалите со нешто што сте го напишале, не смеете тоа да го споделувате на социјалните мрежи авторскиот труд да е објавен. Други многу лесно може да приграбат заслуги за вашето дело.

6.Фотографии од деца

На социјалните мрежи не смеете да споделувате фотографии од деца, особено ако станува збор за туѓи. Добро размислите пред да одлучите да објавите фотографија од малолетни лица.

7.Спомени од пијана вечер

Вашите потенцијални работодавачи можат да ги видат таквите фотографии, а тоа може да ве дискредитира. Внимавајте и како се изразувате зашто она што вам ви звучи шеговито може да не звучи така на вашиот надреден.

8.Политички објави

Политички вицеви и објави не би требало да ги објавувате на своите профили зашто тоа може да се чини работно место. Освен тоа, политичките објави можат да предизвикаат прилично жестоки расправии поради што можете да се искарате со пријателите.

9.Големи вести за други луѓе

Ако вашата сестра ви се јави и ви каже дека е бремена немојте веднаш тоа да го објавувате на социјалните мрежи, особено ако таа тоа не го споделила со блиските личности. Иако сте возбудени и среќни, тоа не е ваша вест која би требало да ја споделувате со другите.

10.Туѓи фотографии

Објавување на туѓи фотографии на социјалните мрежи е кршење на правилата и стандардите на Фејсбук, а во голем број земји тоа е и законски регулирано, па објавувањето на туѓи фотографии е илегално. Во зависност од природата на фотографијата, другата личнот може да ве тужи.

 

 

13.09.2021 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега