Фотографиите од лилјак со големина на човек ги исплашија луѓето: „Јас би ја напуштил земјата”

Луѓето ширум светот останале згрозени од големината на овој огромен лилјак.

Животното било фотографирано на Филипините, а фотографиите станале вирални на социјалните мрежи каде многумина не можеле да поверуваат дека тие се реални. 

„Се сеќавате кога ви кажав дека на Филипини има лилјаци со големина на човек? Да, на ова мислев”, напишал корисникот на Твитер.

Загрозениот хербивор, еден од најголемите видови на лилјаци на светот, може да има распон на крилјата до 1,7 метри, пренесува “news.com.au”.

„И покрај големината, овие лилјаци се вегетаријанци и воглавно се хранат со овошје”, пишува покрај фотографиите.

„Јас би ја напуштил земјата”, “Овој лилјак е повисок од мене и сум исплашена подеднакво колку што сум и импресионирана”, се дел од реакциите на Твитер.

Еден корисник на Твитер од Филипини истакнал дека ваквите лилјаци имаат голем распон на крилјата, но нивните тела не се толку големи.

„Големи се колку куче со мал до среден раст. И навистина се нежни”, гласел коментарот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега