Фотографија од невремето во Белград го обиколи светот: До половина во вода, а тие насмеани (ФОТО)

Силно невреме синоќа го погоди  Белград. Големото количество дожд падна во градот и улиците ги претвори во реки .

Поради големата количина на врнежи, во застој беа  трамвајот и тролејбускиот сообраќај, а отежнат беше и  јавниот автобуски превоз.

Најмногу погоден беше  стариот дел на градот, како и центарот на градот. Невремето го зафати и Нов Белград и го поплави целиот град.

Сепак некои луѓе најдоа начин да го овековечат тој момент.

Имено тројца мажи позираа до половина во вода, а зад нив се гледа и поплавен автомобил.

Фотографијата се појави и на „Reddit“ на што следувале низа коментари.

„Никогаш не сме виделе толу среќни луѓе за време на поплава“, „Србите знаат како да се забавуваат“ ...биле само некои од коментарите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега