(ФОТО+ВИДЕО) Хаос на Мундијалот во Катар: Изби пожар - се гледа црн и густ дим

Пожар го зафати навивачкото село во Доха, во близина на стадионот „Лусаил“.

Многу фанови во Доха почнаа да паничат. Пожар избувна во навивачкото село во Доха наречено „Северниот остров Кетаифан“. Локалните медиуми јавуваат дека пожарникарите го изгаснале пожарот а добрата вест е што нема повредени и дека се е брзо решено.

Сепак, видеата кои се појавуваат на социјалните мрежи покажуваат дека пожарот е видлив од голема далечина, па не им е сеедно на луѓето кои се наоѓаат на тој простор.

Пожарот е изгаснат и спречена е дополнителна штета.

26.11.2022 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега