Франција бара реформа на процесот на проширување на ЕУ па потоа датум за преговори за Македонија

Синоќа во последен обид да го убеди Макрон да дозволи почеток на преговори, беше германската канцеларка Ангела Меркел, а Франција засега јавно не го открива ставот, но според документите до кои имал пристап Блумберг, Париз е против било каков датум за формални преговори со Албанија и Македонија пред ЕУ да го заврши ремонтот на својата „методологија“.

Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“.

– Не треба да биде даден датум за формални преговори со Северна Македонија и со Албанија, пред ЕУ да го заврши „ремонтот“ на сопствената методологија – се наведува во дописот што француските дипломати го испратиле до другите влади во ЕУ на 10 октомври.

Амбасадорите на ЕУ денеска ќе се потрудат да посредуваат за компромис пред утрешниот состанок на министрите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега