Франција трет пат оваа недела регистрира над 13.000 заразени
Во Франција денеска регистрирани се 13.072 заразени со коронавирусот, што е трет пат оваа недела дневниот раст да биде поголем од 13.000.
Во последните 24 часа починаа 43 луѓе, пренесува Ројтерс.
Во Франција вкупниот број на заразени е 481.141 луѓе, а починаа 31.549.
23.09.2020 - 22:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа