Француски свештеници сексуално злоупотребиле најмалку 3.000 деца

Најмалку 3.000 деца биле жртви на сексуална злоупотреба во француската Католичка црква од 1950 година, соопшти посебна комисија, при тоа нагласувајќи оти можно е реалниот број да биде многу поголем.

Претседателот на Комисијата, Жан-Марк Саув, изјава дека прелиминарните бројки сугерираат дека околу 1.500 свештеници и други црковни службеници сексуално злоупотребиле деца.

Комисијата беше формирана минатиот јуни на барање на француските владици по серија случаи на педофилија што ја потресе Црквата во Франција и во странство.

На линија за жртви беа пријавени 5.300 повици во текот на изминатата година, изјави Саув преку видео-конференција.

Бројот на проценети жртви претставува повеќе од 40 случаи годишно во просек во последните седум децении.

– Длабоко сум убеден дека има многу повеќе жртви, рече Саув.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа